Откако првата пропадна, властите во Охрид најавуваат нова акција за рушење на дивоградбите

По неуспешните обиди за рушење на дибоградите кога помпезно најавените акции во два наврати се сведуваа само на неколку до пола отстранети платформи во езерото и бесправно изградени објекти на неколку плажи-општината најавува нова акција.Ама не одма, туку кога ќе ги добиеле парите што за имплементација на препораките на Унеско им ги вети државата, а станува збор за 97.800 евра. Тогаш вели охридскиот градоначалник општината ќе рапишела тендер за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите.Кажа дека ќе продолжеле со расчистување на крајбрежјето,отстанувајќи ги објектите кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во Охридско Езеро.Што значи, 4-те атрактивните плажи во срцето на градот,ќе бидат срамнети со земја.

Наша таму сопственост на општинава е земјиштето, објектите не се наша сопственост и ние не можеме да издаваме земјиште со товар.Кога се издавале плажите не се тие издавани со одобренија за градба на тие објекти кои што се таму – вели Константин Георгиески – градоначалник на Охрид.

Довчерашните концесионери на плажите уште во месец јуни реагираа,како општината и ресорното министерство одобрувале проекти,и дозволувале да се поставуваат платформи во езерото и објекти од времен карактер,а некаде и од цврста градба, ако плажите не се вклопени во урбанистички план? Концесионерите го наметнуваа и прашањето:зошто државата од 2007-ма година издава под краткораен закуп неурбанизирано државно земјиште со намена плажа?

Што ќе биде овде? Ќе бидат плажи или ќе бидат лансирни рампи? Ако бидат плажи, тоа значи дека треба да си замине Курто за да дојде Мурто? Плажата не е нива со тутун,ќе го обериме тутунот,ќе ја изораме нивата и ќе ја вратиме во првобитна положба.Значи ние не сме на некој простор фантомски, за плажа сме простор,ако немало урбанистички план,не требало да влегуваат со нас во договор – вели Љупчо Нечкоски – концесионер

Во моментов се изготвувала урбанистичка документација за плажи која треба да биде готова до почетокот на идната година, за потоа најдоцна во месец март да се распишел нов повик за изадавање на палжите под концесија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста