Откако конечно добивме вакцини, сега проблеми можат да направат „анти-ваксерите“

Само 200 000 граѓани до сега се пријавиле за анти-ковид вакцина  а вакцинирани се нешто повеќе од 60 000 – премала бројка доколку сакамае да стекнеме колективен имунитет. Според експертите потребно е да се вакцинираат над еден милион жители, за да може полека да излеземе од војната со корона вирусот. Слабата заинтересираност за имунизација, ја поставува дилемата – дали во Македонија ќе се зголеми бројот на анти ваксери. Здравствените власти се оптимисти дека за две недели ќе се вакцинирани сите кои се пријавиле, но експертите предупредуваат дека без сериозна кампања стравот од вакцината кај граѓаните ќе расте, а бројот на вакцинирани нема да биде доволен за во блиска иднина да заврши оваа криза.

Да оди кампањата со познати методи. Имаме успешни кампањи за избори, може сега стурчни лица да го направат тоа. Најмногу да се користат податоци од земји кои се при крај со вакцинацијата. Ако барем 800 000 не се вакцинираат,тешко дека ќе ставиме крај на пандемијата – вели микробиологот др. Никола Пановски.

Според доктор Пановски, здравствените власти треба да ги засукаат ракавите и да работат на сериозно промовирање на вакцините, за да се избегне српското сценарио, каде иако властите набавија големи количини на вакцини, заинтересираноста опадна, а преовладуваа антиваксерски ставови и негативна кампања. Еден од начините да се пријават што повеќе граѓани е надлежните да прават и објавуваат споредби, колку луѓе починале во земјите каде степенот на вакцинација е висок, како Велика Британија и Израел, а колку жртви има во земјите со мала заинтересираност за имунизација. За ова вчера предупреди и епидемиологот доктор Драган Даниловски, кој смета дека ќе се соочиме со ужас ако вакцинацијата оди бавно како до сега.

Инаку, од денеска почнува масовната имунизација со 200 илјади дози од кинеската вакцина „Синофарм„ во Скопје, Кавадарци, Битола, Штип, Охрид и Куманово. Од системот на солидарност на Европската Унија, во земјава се очекуваат околу 119 илјади вакцини.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста