Осум лица-сите, вработени на една бензинска пумпа во Охрид се заразени со коронавирус

Осум лица-сите, вработени на една бензинска пумпа во Охрид се заразени со Ковид 19. Првозаразениот бил дијагностициран на 11-ти април,а останатите продолжиле да одат на работа цела недела се додека не биле тестирани.

Од Центарот за јавно здравје велат дека првозаразениот кој бил дијагностирциран пред 10 дена, немал никаков контакт со колегите носители на коронавирусот.Ако е така,тогаш се наметнува прашањето кој  ширел заразата на фреквентната бензинска пумпа? Неизвеноста дополнително внесе страв и паника кај  охриѓани.Иако од Центарот за јавно здравје уверуваат дека сега заболените носеле заштитна опрема,факт е дека некој се однесувал неодговорно.

Значи повторно велам,има и контакт со раце, носеле, неноселе маски во тој момент, не можеме да откриеме заради самата феквенција на работа и заради самата природа на работа на бензинската пумпа.Не навлегувам во тоа дали седеле, пиеле кафе после тоа, каде се дружеле,луѓето петокот кон сабота дознаваат дека се позитивни.- рече Сашо Точков-Директорот на Центар за јавно здравје.

Вработените се тестирале превентивно по дијагностицирање на првиот нивни колега,кој пак разнесувал деривати не само во охридско струшкиот регион, туку и пошироко. Неофицијално тој се заразил во Лабуништа каде по налог на компанијата вршел дотур на деривати.

Не можеме тоа да го откриеме затоа што носел не само во Лабуништа туку и во цел струшки регон, во Охрид, во Скопје во целиот поширок регион.Тој носел деривати во установи, во институции во општината секаде ? Така е. – вели  Точков.

Првозаразенот тврдел дека постојано носел заштитна опрема,но епидемиолозите упатуваат на тоа дека опремата треба да се носи правилно.

Којчиноски кој во охридската јавност е познат  како долгогодишен градоначалник на општина Дебрца и не е меѓу заразените, сакавме да го прашаме дали некој ќе понесе одговороност со оглед на тоа што бензиската непречено работела,а  вработените кои сега се дијагностицирани со опасниот вирус доаѓале во контакт со луѓето кои точеле деривати на бензинската.

Семејствата на заболените и лицата со кои што тие биле во непосред  контакт се изолирани,но сеуште е рано вечат од Центарот за јавно здеавеј да се каже дали се работи за нов кластер, затоа што се дефинираат пошироките контакти.

Инаку, во охридско-струшкиот регион до сега се тестирани околу 300 лица.Во Охрид, бројот на заразени се искачи на 15 , а во Струга-55.

 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста