Осум години автопатот во изградба Кичево – Охрид е сообраќајна „црна точка“ со многу незгоди и загинати

За само десет дена две товарни возила на потполно исто место,во близина на охридскиот аеродром, излетаа од патот и се превртија.Вакви сообраќајки на автопатот Охрид –Кичево кој се гради цели 8 години,се случуваат постојано и ќе се случуваат бидејќи самиот пат е ризичен, особено на одредени клучки-велат експертите.За неподносливо долгата изградба на автопатот, некој мора да понесе одговорност. Секое излегување на овој автопат, без оглед за какво превозно сретство станува збор, е небезбедно и ризично, бидејќи самите услови на патот се ризични- потеницираат екпертите.  

Значи ќе се превртуваат затоа што на многу делови од овој пат е опасно да се вози,Вие на многу делови од патот немате обележани банкини ! Замислете Вие доаѓате на раб од патот каде што  немате елементарни обележја. Ние ако имаме некои стобови,но не тоа не може веќе да се толерира рече Љупчо Милкоски,национален консултант за загрозеност на безбедноста од сите ризици и опасности.

Колку и да се превземаат мерки за обележување на хоризонтална и вертикална сигнализација,патот Охрид –Кичево и тоа од самиот излез на туристичкиот центар е потпопно несигурен и исклучително опасен,вели нашиот соговорник апелираjќи час поскоро да се превземат мерки оти ова е страм како за државата,така и за туристички Охрид.

Кога луѓето се одлучуваат да дојдат во Охрид,јас имам веќе свои комуникации  изговори,дека не повеќе не можам да дојдам во Охрид ако доаѓам по ваков пат – вели Љупчо Милкоски.

Постојано се случуваат сообраќајки, патот и така беше во одредени делови небезбеден, но сега веќе самата помисла да се излезе на тој пат е ризик. Крајно време е да се превземат интензивни и сериозни мерки, да се обезбедат барем отпимални услови за одвивање на сообраќајот,вели Милкоски.Ова е срам и за оние високи делегации и шефови на држави кои доаѓаат во Охрид, по каков пат поминуваат.

Револт има и кај граѓаните, додека не изгинеме сите немаат намера да го завршат патот.Безмалки деценија не се успева да се изгради најскапиот автопат во Европа ,според тоа колку пари се потрошија до сега.Ова е автопат на трагедии.Можеше да биде и автобус со 52 патници,знаат нашите одговорни лица  да кажуваат дека бугарите немале соодветна сигнализација,да погледнеме што имаме ние.Којзнае уште колку несреќи ќе има на овој автопат, а одговорност никако некој да сноси-ова се сами дел од коментарите на социјалните мрежи, каде деновиве граѓаните се организаат да поднесат и тужби.

Росица Гулабовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста