Остри рекации во Бугарија – политичари академици историчари ги бараат коските на Делчев

Бугарија упорно ги бара коските на Гоце Делчев, а македонската влада бара решенија за проблемите со Бугарија. Се поставува пршањето дали се размислува за да им се дадат останките на македонскиот револуционер на источниот сосед со цел ублажување на нивниот став за ветото кое до ставија на Македонија за влез во ЕУ? Одговор се уште нема.

Ден по чествувањето на роденденот на Делчев, се погласни се пораките од бугарските политичари, академици, историчари, како што велат, време било да си ги приберат коските од револуционерот, но и дека во Македонија се создал мит дека Гоце бил македонец.

Копретседавачот од бугарската страна на мешовитата комисија Ангел Димитров во свое интервју за БНР покрај коментарите дека клучот на Македонија за ЕУ, не бил во нивни раце туку во рацете на политичарите во Македонија, се осврна и на писмото кое го напишаа македонските интелектуалци пред неколку дена.

Според нив, заедничкото чествување на Делчев ќе биде, цитирам, „фатален удар врз македонската самобитност“. Гледајте до каде оди политизираното мислење, а можеби и сосема јасно изразените внатрешни стравови на оние историчари кои работеле напорно на создавањето на митот дека Гоце Делчев е Македонец, дека работел за, иако ова е неточна теза, за независна макеоднска држава, нешто што е апсурдно… Нема таков нешто во тоа време. Така што јасно ви е каква е фрустрацијата и создавањето на стравични неврози кај луѓето со измислена теза и измислен непријател е дело на пропагандата. Затоа што ваквите неврози, според психијатријата, произлегуваат од конкретна случка, додека такво нешто нема. Таму се всадува тензија од медиумите, преку ваквите писма, дека некој сака да ги ограби и да им го земе идентитетот – вели Ангел Димитров.

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Каракачанов упорен во своите намери, повторни ги побара коските на Делчев.

Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува! – кажа Каракачанов за БГНЕС.

И бугарскиот академик Георги Марков е со сличен став како Каракачанов:

Го поддржувам барањето да се вратат коските на Гоце Делчев во Бугарија, да се вратат архивите на Македонскиот научен институт и библиотеката, кои им ги подари Тодор Павлов. Има начин – преку Европскиот суд – вели Георги Марков.

Вчера и Бугарија го славеше роденденот на Делчев, на прославата која се одржа во Благоевгред присуствуваше и бугарскиот претседател Радев кој не ја испушти приликата да каже дека Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста