Остри реакции за пренамената на Аја Софија

Остри реакции откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша указ за претворање на Аја Софија во џамија.

Оваа уредба ја отповика одлуката на турските власти од 1934 година овој храм да се претвори во музеј.

Турскиот претседател го објави потпишаниот декрет истакнувајќи оти е донесена одлука контролата над џамијата Аја Софија да се предеде на турската верска дирекција и да се овозможи богослужба.

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција.

Тие истакнаа дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „направил историска грешка“ и додадоа дека треба да се очекува развој на настаните во наредните денови.

И од Руската православна црква велат дека оваа одлука не е насочена кон усогласување на постојните разлики, туку напротив, може да доведе до уште поголеми поделби.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста