Остри реакции од шарените, бараат извинување од Заев за навредите

Шарените се повеќе го креваат својот глас откако се објави аудио снимка каде лидерот на СДСМ ги навредува и вели дека ќе ги пушти низ вода и нив и сите “шути и рогати” како што ги нарекува самиот Заев што ќе си собере за да бидат со него во коалиција.

Шарениот револуционер Благојчo Горгиев вели дека се чувствува понижено и изманипулирано, слушајќи го аудиото на Заев, Благојче вели дека бил повреден оти им била ветувана правда, а добиле само навреди.

  • Со тие зборови шуто и рогато, толку многу ме погоди што еве сакам да го прашам директно Зоран Заев дали спаѓам во шутите, рогатите затоа што јас сум инвалид, во сакатите можам да кажам. Тој ја претера толку многу, се забега во времето и просторот. Од тој човек неможеш да очекуваш ништо добро веќе, освен само зло. Ние најмногу му помогнавме за да дојде на власт, тој ветуваше правда, ветуваше правна држава а уствари тој планирал да ни го е*е мамето на сите и да ни го е*е мамето на сите вели  Благојчo Горгиев – учесник во Шарената револуција.

Веќе се појавија и првите повици за Заев да си даде оставка позицијата лидер на СДСМ, но и најави за тужби за клевета и навреда од страна на шарените.

Мери Николова Буџаку која секојдневно беше на протестите вели дека на Заев за навредите не му простува.

Ни го (цитирам) “изе*а” Заев на шарените мамето, ја слушав снимката и не можам да си дојдам при себе. И (цитирам) “криво и сакато ќе соберел и низ вода ќе ги пуштел.” Зборувам за себе, со мојот лик правевте спотови, ме објавувате по портали и на насловни во весници, на изложби во ЕВРОПСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ставате мој лик и ликови на дел од шарените, бевме моќни и чесно се боревме да те донесеме за Премиер. Јавно те повикувам да се извиниш и да си заминеш од лидер на СДСМ пишува Мери Николова Буџаку – граѓански активист.

Разочарување и револт изразуваат шарените револуционери кои се бореа за правда, а не ја гледаме. Единствено молчат оние кои добија функционерска фотеља…

Револт има и кај обичните граѓани кои велат дека се излажани од СДСМ.

Заев ја потврди автентичноста на аудио снимката, но кажа дека лошо се изразил ама не се извини на оние кои го донесоа на власт.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста