Оставка од морални причини не смее да биде калкулантска

Ако некој има чувство на одговорност, би дал неотповиклива оставка, да бев министер за здравство така ќе постапев – дециден е инфектологот Фадил Цана, кој се приклучува на се погласните барања министерот за здравство да не тактизира и веднаш да замине. Додека Заев купува време во врска со понудената оставка на Венко Филипче , доктори и политичари секојдневно излегуваат со исти ставови – дека оставката по трагедијата која се случи во модуларната болница во Тетово треба да биде неотповиклива.

Јас да бев министер за здарсвтво и да имашее ваков случај како оној со Тетово каде изгоре модуларната болница ќе постапев професиолано и ќе поднесев оставка. Но, кај нас одат наопаку работите, ако некој има чувство на одговорност би дал неотповиклива оставка. Сите кои се дел од синџирот на управување треба да поднесат или оставки или да бидат разрешени – изјави др. Фадил Цана.

Дека нудењето оставка и чекањето премиерот да пресече не е доволно претходно коментираше и шефот на државава. Стево Пендаровски не би чекал ни секунда и веднаш би поднел оставка од морални причини.

Кога не дај боже, јас лично би бил во таква позиција, на местото на министерот Филипче,  тие што ме познаваат, знаат дека јас не би чекал ниту една секунда. Би поднел оставка од морални причини – изјави претседателот Стево Пендаровски.

Осум дена, јавноста чека одговор од премиерот Заев, дали ќе ја прифати оставката на Венко Филипче, а тој постојано се правда – ќе чекал истрагата да покажела дали има потреба министерот за здравство да ја напушти функцијата. Сепак, е нејасно, зошто да се чека истрага, кога станува збор за оставка од морални причини а не поради кривична одговорност. Притисок кон Заев, дека треба да реагира стигна и од неговиот колационен партнер ДУИ.

„Да сум на местото на Заев, би ги прифатил оставките “, рече Меџити.

Министерот Филипче, по понудената оставка вчера за прв пат се појави во јавност – но наместо да каже дали ја напушта функцијата, само информираше за епидемиолошката состојба и придонесот на модуларните болници – тој не бегал од одговорност, ама ќе го чекал премиерот.

Како се нижат острите реакции во јавноста, така ставот на премиерот Заев се повеќе се зацврстува и не размислува за оставки и одговорност за трагедијата во Тетово.

Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алтернатива  е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев.

Адријана Алексиеска

Advertisements