Оставка на премиерот, повлекува оставка на целата влада, Пендаровски ќе треба осново да доделува мандат

Премиерот во заминување, Заев се уште својата оставка ја нема доставено никому. Во собранието нема пристигнато таков документ, ниту пак претседателот на државата официјално не е информиран дека неговиот колега си заминува од премиерската функција.

Според членот 93 од Уставот на Македонија, оставка на премиерот значи и оставка на цела влада. Во членовите 219 и 220 највисокиот правен акт  оставката се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и истата може, но и не мора да биде образложена.

Потоа претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до шефот на државата, при што Собранието на првата наредна седница, без претрес и расправа, констатира дека на премиерот и на целата Влада мандатот им престанува на денот на одржувањето на собраниската седница.

Кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка,  претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите коишто имаат мнозинство во Собранието “-велат одКабинет на претседателот на државата.

Собраниските служби денеска не примиле таков документ од Заев. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски вели додека не ја види народот црно на бело оставката, таа е само фејсбук оставка.

Оставката на премиерот Заев се уште е Фејсбук оставка, и се уште не е официјално испратена до Собранието на РМ и во зависност од писмото кога ќе го добиеме ќе се знаат кои се наредните чекори,  рече Мицевски.

По престанокот на мандатот на постојната влада започнува постапка за избор на нова влада. Според член 90 од Уставот, претседателот на Републиката мандатот за состав на нова влада го доверува на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандатарот во рок од 20 дена треба да го состави тимот на новата влада заедно со програмата.

Мери Ѓорѓиевска

Поврзани вести