Оставија ли Ковачевски, Османи, Пендаровски, Бугарија да го диктира темпото во преговорите?

Отвора ли власта простор бугарските власти целосно да го диктираат темпото во преговорите по млаката реакција за отворањето на бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“, но и во поставувањето на ултиматуми чие исполнување можеби ќе значат тргање на бугарското вето за интеграции. По бројните реакции на граѓаните и политичките чинители премиерот Димитар Ковачевски одбра да и се обрати на јавноста ама преку видео, во кое наместо да ги осуди бугарските постапки , тој потенцира да се задржи достоинството и стратешката цел за влез во ЕУ.

-Република Македонија е суверена држава и имаме должност да го чуваме нашето достоинство. Имаме стратешка цел за влез во ЕУ, но достоинствено со својата национална гордост и посебност. Верувам дека треба да продолжиме и да работиме на зајакнување на дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот. Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад, вели Ковачевски.

Додека Ковачевски одлучува да се обрати на нацијата само преку снимени видеа и уште повеќе веќе некој период не се појавува на никаков настан што ќе значи и соочување со новинарските прашања, шефот на дипломатијата Бујар Османи скандалот со бугарскиот центар ја претстави како македонска победа. Иако    кажува дека власта знаела за отворањето на центарот со вакво име, ама сепак ништо посериозно не преземала.

И министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, гледал провокација во однесувањето на бугарските власти, но како и останатата влада не гледа потреба да реакција, па вели во моментов било важно да се водат принципиелни разговори за да го постигнеме националниот интерес.

-Тоа, претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата во Македонија, вели Спасовски.

Одлуката на бугарските челници да го именуваат центарот во Битола според името на истакнат промотор на фашизмот и директно да го понижат македонскиот народ е последно во низата провокации кое го упати официјална Софија. Но потпретседателката на Бугарија Јотова отиде дотаму што не само што не прифаќаат реципроцитет во признавањето на малцинствата, туку и од срцето на Охрид праша кои се тие Македонци во Бугарија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста