Оставени без пари во корона криза: 43-ца асистенти на ученици со посебни потреби не земале плата од општина Карпош од април

Плата земавме само до март, договорот ни е до денеска, а без релевантна причина ни го прекинаа минатиот месец на 11-ти, раскажува за Алфа Кирил Тројачанец, еден од 43-цата асистенти за деца со попреченост во училиштата на територија на општина Карпош. Во меѓувреме, асистентите продолжиле да им помагаат на учениците со посебни потреби, особено во периодот на кризата со он-лајн наставата.

  • По два месеци апелирање да ни се даде одговор кој е нашиот статус, зошто не ни исплатена плата, за март се исплатија нашите надоместоци. Ние немавме никаков одговор до почеток односно средината на мај, кога добивме известување дека е стопиран проектот и нас не ни следат средства.  Иако тоа не е коректно, мене треба да ми стигне писмено известување, според договорот, најкасно 15 дена пред раскинување на договорот вели Кирил Тројачанец.

Испративме барање до МОН, UNDP-од каде се финансиите за општината во врска со овој проект, но и до самата општина вели Тројачанец,  а  со одговор не удостои само општината, ама со спорно објаснување: договорот го прекинале бидејќи образовниот процес престанал на 11 март.

  •  Оваа изјава е многу спорна и тоа од многу аспкекти. Прво образовниот процес не беше  прекинат, ние продолживме да работиме согласно мерките кои што беа пропишани. Второ нема ниеден член договорот со ваква клаузула, напротив еве член 6 вика исплатата на средствата ќе се врши во рок од 5 ден по префрлување на  средствата од УНДП кон општина Карпош. Значи ова е од одговорот, продолжува, согласно одлуката од проектниот одбор од 11.05.2020 донесе одлука за прекин на услугата личен асистент што последната исплата е заклучно месец март 2020. Значи нас ни стига известување на 11.05 дека ни завршува платата и договорот март 2020година-вели Кирил Тројачанец.

Дури и УНДП да престанале со финансирање на проектот,  според договорот обврската за исплаќање ја презема општината. Нејасно е дали парите се префрлени или не, и ако се каде завршиле ако не во рацете на асистентите? Од Карпош дипломатски се оправдале дека сакаат да ја продолжат работата со нас, вели Тројачанец. Но, за нив тоа е недоволно, оти заработени пари во среде пандемија не можат да си ги добијат.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста