Останува ли пелагонскиот регион „слепо“ сообраќајно црево и во оваа изборна година ?!

Пелагонискиот регион и на почетокот од оваа година, која патем е и изборна, останува да биде „слепо“ сообраќајно црево. И по повеќегодишните гласни апели на пелагониските стопанственици за конечно решавање на очајната патна инфрраструктура во овој дел од Македонија, реално, се уште ништо од бројните ветувања на актуелната Влада дека проблемот ќе биде решен за време на нивниот мандат. Реализацијата на овие капитални проекти, а кои беа дел од претходната изборна програмата на оваа власт, сега се префрла за оваа година. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, пред десетина дена, се пофали дека дури годинава ќе се продолжи со изградбата на Експресниот пат Прилеп- Градско, а која е стопирана веќе неколку години.

 „Тендерорт е распишан пред 5-6 месеци, но поради Ковид-кризата, прибирањето на понудите на компаниите и флексибилноста која ја даваше ЈПДП по однос на тоа да имаме комплетни документации, да може веднаш да се еволуира и да се добие изведувач, доведе до тоа да веќе сме во декември пред крај на евалуацијата. Но најважно за мене е да имаме успешен тендер и успешна тендерска постапка, повеќе отколку да имаме избрзана, а притоа да биде неуспешна“, – рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Од друга страна се доцни и со ветуваната изградба на автопатот Прилеп – Битола. Но, премиерот Заев, пред дваесетина дена оптимистички најави дека и тој капитален проект ќе започнел да се реализира, ама дури по три месеци.

„Почнува во март месец, по „Јелоуфидик“, изградба на автопатско решение Прилеп- Битола. Прилепчани до Битола, ама автопат е автопат. Овој автопат вреди некаде безмалку 100 милиони евра“ – посочи премиерот Зоран Заев.

Остри и бројни реакции за доцнењето со рехабилитацијата на патната инфраструктура во овој дел од Македонија имаат и пелагонсиките бизнисмени, според кои, освен што старите патишта биле небезбедни и по кои се губат многу животи, тие како стопанственици трпеле и сериозни штети по своите бизниси, велат од прилепската Регионална стопанска комора.

Каролина Дурло

                                                                     

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста