Oстана без матка, бубрег и јајник, ама лекарска грешка нема – лекарската комора не нашла пропуст во стручниот надзор за случајот

Извештајот со кој Лекарската комора го амнестира од одговорност струшкиот гинеколог Мухамед Асани е повеќе од очекуван епилог за 28 годишната Јилдиз Веапоска од Дебар, која остана без половина органи.

Случајот со родилката на која и беа отстранети бубрег, матка и јајници Лекарската комора го затвора,доктор Асан нема да одоговара, стручниот надзор покажал дека немало пропуст во лекарската интервенција.Но за Веапоска ништо не е завршено,што и да стои во извештајот не го прифаќам,бидејќи се’ e однапред смислено-вели таа.Потпирајќи се на како што вели добро упатени извори, членовите на комисијата имале средба со струшкиот гинеколог кој многу добро ги познавал и однапред знаел кој ќе му суди.

Извори од болницата велат дека бил доктор гинеколог од Чаир, доктор анестезиолог, доктор хирург, сите тројца доктори албанци.Мислиш дека тоа има влијание за ваквиот епилог на целиот случај ? Да,како може, нели никој немаше да знае кои ќе бидат докторите што ќе заклучат дали е ова лекарска грешка или не – вели Јилдиз Веапоска.

Веапоска која веќе има поднесено кривична пријава протов доктор Асаани и целиот тим кој за веќе на интервенцијата бил во операционата сала, вели дека ќе оди ќе се бори се додека не се обелодени вистината.

Нема да оставам вака ќе одам до крај,дури сум жива јас.На суд ќе терам до крај,ако не ја најдам тука, ќе одам Европски суд, ќе одам и Стразбур дур се одлучи.Јас без здрава и права кога заминав на пороѓај,не заминав јасс бубрег да ваѓам или матка да ваѓам, заминав на пороѓај. јас 28 години не знам што е уролог – вели Веапоска.

За Инцидентот со родилката кој се случи на 31 август 2020-та,нејзините најбилски веднаш го информирале ресомрниот министер и ДЗСИ, а одговор што го добиле, за Веапоски е шоканет и не заслужува ништо помалку од сносење на сериозна одговорност.

Министерот знае уште од првиот ден јас кога бев во кома, ДСЗИ знаат, тетка ми и сопругот биле во ДСЗИ кажале што е работата и што се случува во Струга.Тие им дале одговор дека јас требало лично да пријавам тие рекле како лично да пријави кога таа е во кома, што ако умре, што ако не остане жива?значи се ќе се закопа со тоа што било – додава Веапоска.

Случајот со родилката од Дебар, предизвика осуда и реакции на социјалните мрежи,луѓето бараат одговорност а некои изразуваат сомнежи дека целиот слуач има далеку подлабока позадина

-“После ова игнорирање па зажмирување секој од нас и нашите ближни е загрозен во нашиот здравствениот систем. Жената е жртва на трговија со човечки органи.”-коментираат луѓето на социјалните мрежи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста