Османи, Таравари и Димитриески ги собраа потписите, на Ванковска и на Јакимовски им фалат по уште 2-3 илјади
Oсмани, Tаравари и Dимитриески се тројцата кандидати за претседател кој веќе успеаа да ги соберат потребните 10 илјади потписи за својата кандидатура.
Mака со потписите се уште имаат кандидатот на Lевица, професорката Bиљана Ванковска и кандидатот на Гром, Стевчо Јакимовски. Ванковска досега има собрано 7.876 потписи, а за Јакимовски се потпишале 6.676 граѓани. Се очекува овие двајца кандидати да го достигнат прагот од 10 илјади со 8 март, кога завршува процедурата.
Останатите кандидати, по цела недела откако започна процедурата не стигнаа ни до илјада потписи. Па така, Мерсиха смаиловиќ од бошњачката партија има собрано 887 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, Зорица Цветковска – 140 и Господин Попоски – 40. Потписи ќе собираат и професорката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ иако можат да влезат во претседателската трка со поддршка на 30 пратеници.
Силјановска-Давкова собирањето на потписите ќе го почне во недела на 3 март, по конвенцијата за нејзината официјална кандидатура, додека Пендаровски собирањето потписи ќе го направи на почетокот на наредната недела, исто така по неговата конвеција.