Османи со дипломатски одговори и без јасен став дали ќе ги заштитат Македонците во Бугарија

Зошто ние да застанеме позади нив, кога тие си имаат своја држава, вака размислува шефот на дипломатијата Бујар Османи околу заштитата на Македонците во Бугарија.

Османи остро реагира на инсистирањето на новинарските прашања за македонското малцинство во Бугарија. И додека цврсто стои на ставот дека не смееме како државата да гарантираме права на Македонците во Бугарија повикувајќи се на нивното уставно уредување, сепак вели дека ќе ги обезбедат права на Бугарите во Македонија оти сме имале таква обврска.

– Отворање на Уставот е во склоп на политиката на ова држава кон етничките заедници. И сè додека е тоа барање на граѓани кои се од бугарска етничка заедница тоа не мора да се смета како барање на бугарската држава. Нема никаков спор кон барањето на Црногорците и Хрватите, зошто би имало спор за ова барање да се признае бугарско малцинство различно од македонското мнозинството? И ако тоа не го разбреме се враќаме во други теми кои едвај ги надминавме“, рече Османи.

Нашата влада без проблем се нуди Бугарите да бидат вметнати во македонскиот Устав иако за тоа нема поднесено никакво барање од страна на бугарската заедница во Македонија- како што формално-правно треба.  Сега топката се префрла на македонска страна, иако Она што како барање го наметна бугарскиот претседател Румен Радев за целосна гаранција на тие граѓани – треба да се спроведува преку бугарската заедница.

Делегација испратена од МНР пред само неколку во Софија ги усогласувале ставовите на двете страни во однос на секоја од точките за да може тоа што е испратено писмено да се образложи. Османи се правда дека нашата делегација целосно се водела според насоките на Резолуцијата на Собранието, државните позиции и писмените предлози кои ги дале во месец декември. Следниот состнок ќе биде околу 20 февруари.

Двете влади во Софија веќе договорија дека прашањето со граѓанските права ќе биде во фокусот на преговорите кои треба да доведат до кревање на бугарското вето за македонските интеграции.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста