Османи сам си ја одбрал Божиновскa, во Владата не знаеле дека ја планира за советник

Валентина Божиновска била личен избор на Бујар Османи, другите во Владата не знаеле дека таа треба да е дел од неговиот советнички тим, барем така вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Иако е можеби малку чудно за стратешките советници за наОсмани сам си ја одбрал Божиновскa, во Владата не знаеле дека ја планира за советникдворешна политика во МНР, да не се разговарало во Владата, Битиќи вели тоа било лична одлука на министерот за надворешни работи. Напоменувајќи дека тој е за вклучување на луѓе со други идеологии и различни ставови од власта, но и дека имал црвени линии, односно бил против приклучување на луѓе, кои повикувале на елиминирање на оние кои не размислуваат како нив.

-Реков тоа е одлука на министерот, но јас сум познат по тоа дека сум човек севкупно влучување на луѓето, затоа што идеолошки верувам во креирањето на едно општество, во концептот на едно општество за сите, изјави Битиќи.

Министерот за економија пак без коментар околу одлуката на неговиот сопартиец, вели Османи си дал објаснување, а тоа ќе било и објаснувањето на партијата.

-Да бидам многу искрен и со вас и со јавноста, прв пат слушам за госпоѓата и немам некаков коментар и во име на ДУИ, вели Бектеши.

Меѓу 26-те члена на Стратешкиот совет за надворешна политика, се и Нано Ружин, Ивана Туфегџиќ, Гордан Георгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габев, Ајдован Адемовски, но најмногу негативни реакции на социјалните мрежи предизвикаа имињата на Срѓан Керим и Валентина Божиновска.

-Што ќе ги советува Керим? Како да ги изнесат украдените миљарди? Од свое лично искуство, во дипломатски возила натоварени со шишиња пуни со пари?, поставува прашање во еден твит.

-Божиновска и Керим не се ликови кои политички некој ги сака или не, тоа се ликови за кои правна држава треба сериозни судски процеси да отвори, се вели во еден од твитовите.

Многу ги сакам овие од СДСМ. Значи како и ги решаваат проблемите, неверојатно. Таман се мислев за кого да НЕ гласам и оп, они Керим, Божиновска, Еленовски. А бе ми го решија проблемот у секунда, пишува друг корисник на Твитер.

-Бујаре. Бујаре… Срѓан Ќерим кој во тандем со Камчев ги остави новинарите од МПМ на улица. Валентина Божиновска која во своите говори го нарекуваше Заев предавник, пишува во друг твит.

Министерот Османи кажа дека ова советодавно тело било составено со квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста