Османи: нема разлики во ставовите на владата и МНР

Бугарскиот записник од средбата на тамошните челници и еврокомесарот Вархеји во кој се нотира дека има разидување на позициите во македонското МНР и експертите во самото министерство во преговорите со Бугарија за шефот на дипломатијата Бујар Осамни биле неточни. Според него некоретно било тоа што било наведено во текстот да и се премишува на македонската страна оти извештајот се однесувал на бугарските ставови.

Иако Османи се обиде да ја отфрли вакавата информација, во Записникот јасно се наведува дека забележано е несовпаѓањето, во наративот на политичко ниво од страна на министерот Бујар Османи, кој пројавува конструктивност, и позициите, бранети на експертско ниво од МНР на Македонија. Следува да се обмисли решението за отворените прашања да биде барано на политичко ниво меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, стои во делот од објавениот записник.

Османи не сакал да го коментира присуството на експремиерот Зоран Заев во Турција, кој изненадувачи по неколку месеци анонимност се појави на Форум во Анталија и случајно или не се пофали дека се сретнал со бугарскиот премиер Кирил Петков и зборувале за иднината на Балканот , ама и за отворените билатерални прашања. Иако самиот Заев се пофали за неговите подвизи на фејсбук , Османи побрза да го оправда дека не бил таму во функција на преговарач со бугарските власти туку како гостин.

Опозицијата подолго време предупредува дека Заев и покрај неговото повлекување од политиката од позадина се уште ги влече конците во партијата и во државата, особено што актуелниот премиер Димитар Ковачевски речиси и да не се појавува на настани.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста