Османи не ги признава историските факти: Не одговори што е Гоце Делчев

Министерот за надворешни работи избега од историските факти, и не одговори дека Делчев е  Македонец.  

„Откако договорот воспостави ред во таа комуникација и историските прашања ги одвои и ги даде на историчарите, додека политичките прашања на политичарите имаме резултат во двете траектории. Веќе има договорен текст за неколку историски фигури, за неколку историски периоди, кои што веќе се предлагаат како консензуален текст на двете влади за да можат да ги усогласат текстовите на учебниците. Затоа нема јас да навлезам во коментари што треба историчарите да заклучат врз основа на историските документи и врз основа на историските и автентични толкувања“ – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Се правдаше со тезите дека битката со, како што ја нарекува тој пријателска Бугарија – се водела на две траектории, една на политичарите, другата на историчарите. Сепак иако Османи не кажа што е Делчев, неговите бугарски колеги немаат проблем да го декларираат како Бугарин. Министерот за надворешни работи, е оптимист дека комисија ќе изнајде договор за Делчев, но не понуди решение што доколку не се договорат историчарите од македонската и бугарската страна.

Каде исчезна бетонираниот идентитет што го гарантираше власта?  Менувајќи ја историјата, се помалку се употребува и името на Македонија и оние кои живеат во неа. Вчера шефот на државата Пендаровски писмено бараше од вселенскиот патријарх да ја признае нашата црква, не наведувајќи го конкретното име МПЦ-ОА. На која црква, кој народ и која држава им се обраќа Пендаровски, односно чив претседател е ? Ако странец го чита ова негово писмо нема да знае кој функционер го пишувал, да не е насловот на самиот документ. 

Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква“ – напиша шефот на државата.

Слични реакции имаше и на роденденот на АРМ на 18 август, кога граѓаните ја критикуваа  честитката на претседателот до Армијата.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста