Османи не е сигурен дека Македонија ќе добие датум за преговори во октомври

Македонија доби датум за преговори јуни 2019-та година, изјави Заев во минатото во Собранието.

Датумот за старт на преговори за членство во Европската унија кој првично беше сигурен во јуни 2019-та година, па потоа за оваа есен, сега не е сигурен ниту во октомври, ако се цени реториката на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Тој вели дека ситуацијата била позитивна, но дека ќе мора да се почека до конечната одлука на сите земји членки.

-Сигурно заслужуваме, тоа можам да кажам 100 проценти  дека заслужуваме да започнеме преговори. Одлуката ја носат земјите членки со консензус, сите 28 земји членки треба да гласаат ЗА. Амбиентот е позитивен, попозитивен и од јуни 2018-та и од јуни 2019-та. Но, состојбата е се уште фрагилна, се додека немаме конечна одлука од земјите членки, изјави денеска Османи.

Дека датумот е доведен во прашање и за октомври говори и фактот што во последниот период видно намален е оптимизмот и кај министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во телевизиска дебата, запрашан од потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски, дали очекува во декември македонската Влада да ја има првата меѓуресорска средба со ЕК, за старт на преговорите со Унијата, Димитров вели дека не е сигурен кога таа ќе се случи.

„-Николоски: дали во декември ќе ја имаме првата меѓуресорска средба меѓу македонската Влада и ЕК за почеток на преговорите со ЕУ? Каква Ви е процената?

-Димитров: мислам дека влогот е преголем и дека е непријатно да ни се каже „не“, после толку чекање, после пресврт демократски, што опозицијата еве гледаме дека не го прифаќа, меѓутоа сите извештаи тоа го потврдуваат и решени се прашања на многу европски начини. Компромис кој што нема еуфорија, ниту тука, ниту таму нема еуфорија. Јас не гледам толку славење околу договорот, ако бил толку лош за нас. И мислам дека можеби нема да биде толку плодно, можеби пак ќе се видиме, пак ќе разговараме за Договорот, еве не можеме да се сложиме, меѓутоа јас мислам дека предавството е претходно…..

-Николоски: за Договорот никогаш нема да се сложиме…

-Димитров: мило ми е, затоа што имате погрешни тези…

-Николоски: јас мислам дека во декември нема да има таков состанок…

-Димитров: ќе видиме дали ќе биде декември, дали ќе биде март…“

Дека датумот е несигурен индиректно потврдува и  францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние. Во интервју за Алфа вели дека Франција се уште не донела одлука дали ќе поддржи нашата земја да добие датум во октомври.

  1. Матеја Петровски