Османи јавно побара отворање граници за изборите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.

– Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!”, напиша вицепремиерот Османи.

Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска, по што ќе се донесе соодветна одлука.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста