Османи ја повика Силјановска Давкова на дуел да ги соочат програмите

Османи ја повика Силјановска Давкова на дуел да ги соочат програмите

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, денеска ја повика на дебата противничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Бујар Османи е убеден дека неговата програма била за Македонија да оди напред и ја искритикува неговата противкандидатка дека била застапник на таканаречениот алтернативен модел за изолација.

Еве нудам дуел со Силјановска, нека дојде како гостинка на мојот поткаст, да ги разговараме овие две алтернативи. Јас ќе разговарам за интеграција, таа за изолација, јас за соживот, таа за 61 пратеник, јас за тоа како да стигнеме до европски пасош, а таа како граѓаните да бараат бугарски пасош – изјави Османи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста