Османи: Изјавите од Бугарија се охрабрувачки

Османи без конкретен став дали се прифатливи позициите на Бугарија за признавање на македонскиот јазик и идентитет со бугарски корени. Тој смета дека признавањето на правото на самоопределување и идентитетскте атрибути од страна на нашиот источен сосед ќе го охрабрело општеството и историските комисии. Овие позиции на Бугарија како што вели шефот на дипломатијата не се нови. Истакнува дека политичарите не можат со декрет да интерпретираат историски одлуки.

“Она што може политиката да го направи е овие охрабрувачки изјави од Република Бугарија дека се спремни како и сите други да го признаат правото на другите држави, навистина ќе даде растоварување на општеството во однос на намерите за функционирањето и улогата на овие комисии. Не гледам друг начин на интерпертирање на историските настани, освен тоа што го предвидува самиот Договор, а тоа е историчарите, надвор од стегите на политиката, врз основа на историските информации да најдат заедничко интерпретирање”, изјави Османи.

Османи потврдува дека новоформираните работни групи веќе разговарале за различните толкувања на Договорот за добрососедство. За тоа ќе разговара и со неговата бугарска колешка Захариева.

Евроамбасадорот во Македонија Дејвид Гир е оптимист дека првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ во декември ќе се одржи. Иако компромис се уште не е постигнат.

“Треба да се постигне договор за преговарачката рамка како една референтна точка во преговорите за пристапување во ЕУ и потоа ќе можеме да ја имаме меѓувладината конференција за да го започнеме самиот процес”, изјави Гир.

Бриселски Политико вчера објави дека Софија е подготвена да не ја блокира првата меѓувладина конференција. Но единствено доколку се направи компромис во кој Бугарија ќе го признае македонскиот идентитет и јазик како еден од официјалните јазици, а Македонија за возврат да признае дека тие имаат бугарски темели. Премиеротр Заев и претседателот Пендаровски го одбија ваквиот предлог. Бугарија до земјите членки на Европската Унија веќе достави меморандум во кој го оспрува постоењето на македонскиот јазик и нација до 1945 година.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста