Османи и денеска не одговори што точно сме прифатиле од бугарските црвени линии

Владата молчи и не кажува на какви нови отстапки се согласила и што се стои во одговорите на Македонија на контроверзните бугарски 5+1 точки кои како ултиматум се поставени за тргање на ветото за интеграциите…Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврдува дека еден од одговорите кои ги доставиле до бугарската влада е и отворањето на македонскиот устав за вметнување на Бугарите како рамноправен народ…Сепак и покрај инсистирањето на Алфа да одговори што конкретно сме се согласиле, Османи конкретно не одговори.

Официјална Софија ни оддалеку не најавува менување на цврстите позиции, ама министерот брои месеци и полага оптимизам. Уверува дека доколку Бугарија покажела политичка волја решение за спорот можело да се најде уште во јануари. Одложувањето за шест месеци како што најави новиот бугарски премиер не било прифатливо за македонската страна.

Бугарскиот претседател Румен Радев кој беше и првиот бугарски функционер кој почна да условува со овие барања, сега најавува дека кон втората половина на јануари ќе го свика и Националниот Совет за безбедност на кој ќе се разговара за Македонија.

-Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес, изјави Радев

Инаку Протоколот од 5 +1 точка треба да содржи правно обврзувачки гаранции за спроведување на одлуките донесени во Договорот од 2017 година. Дел од нив се однесуваат на тоа македонските Бугари да бидат впишани во Уставот, за да се запре фалсификувањето на историската вистина. Да се ​​сменат наставните планови, да се запре прогонот на луѓе кои се идентификуваат како Бугари во Република Северна Македонија, државниот врв во Скопје јасно и категорично да се прекине со идеологиите на тоталитарното минато, се наведува во бугарските барања.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста