Османи бара натамошен дијалог, но не му се слуша за одговорност

Целосниот дебакл со понуденото европско решение и непопустливоста на бугарските власти за наоѓање компромис , не биле причина за одговорност на македонската влада. По низата сопки, барања и блокади на адреса на Македонија, првиот дипломат Османи отфрла одговорност оти ништо не било изгубено. Поголема грижа од бугарското вето требало да ни биде годишниот извештај на Унијата за спроведените реформи.

И додека Бугарија непопустлива во ставовите, цврсто стои на ставот за блокада на интеграциите, македонската влада ублажува на домашен терен – требало со добра волја да најдеме решение. Министрите за надворешни работи на Словенија, ЧЕШКА И Австрија од Скопје порачуваат дека даваат поддршка на идејата на португалското претседателство за оддржување на меѓувладина седница.

Словенечкиот министер Логар порачува дека евроинтерграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе биде приоритет на и словенечкото претседателство кое почнува од 1 јули

Чешкиот министер Кулханек ја повтори чешката позиција дека билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтергацискиот процес на земјата.

Австрискиот прв дипломат Шаленберг вели дека преговорите со Македонија и со Албанија за нив се стратегиски интерес.

Мисијата на ЕУ преку пакет решение за деблокада на интеграциите за Македонија од Бугарија завршија неуспешно. Еврокомесарот Вархеји и португалскиот министер за надворешни Силба со кастрофален исход го завршија обидот да ги омекнат цврстите ставови на Бугарија. Официјална Софија не попушта – тврди дека соседот кандидат за членство не ги исполнува обврските од меѓусебниот договор, најмногу поврзани со историјата, јазикот и идентитетот. Бараат гаранции од Македонија дека ќе ги почитува обврските од договорот за добрососедство. Ваквиот сигнал од Бугарија е само потврда дека Македонија и овој пат извиси од интеграциите.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста