Ослободувањето на заложници од Газа одложено

Ослободувањето на заложници од Газа одложено

Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа нема да се случи пред петок, вели израелскиот советник за безбедност Цачи Ханбеги.

„Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор меѓу страните и не пред петок“, ја цитираат израелските медиуми изјавата на Ханегби.

Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска, точно напладне. Причини за одложувањето засега се нејасни.

Си-Ен-Ен пишува дека одлуката за одложување до петок ја донел Израел заедно со Катар и Египет и оти САД се во тек со развојот на ситуацијата.

Според договорот, Хамас ќе ослободи 50 израелски заложници – деца, нивните мајки и други жени, за четиридневен прекин на борбите и ослободување на 150 палестински затвореници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста