Оштетените во вчерашниот пожар во Штип молам да им се обезбеди кров над главата

На бетон и земја вака ноќта ја поминаа тригодишната Мервет и нејзиното две години помало братче Енвер. По големиот пожар што вчера ја зафати старата станбена куќа во Штип ,  ова младо семејство беше принудено  засолниште да најде во импровизирана барака од картони и најлон што пред извесен период ја изградила нивната баба. Без елементарни услови за живот без вода и тоалет  е приморано да живее ова петоќлено семејство

   „Децата и мојата сопруга која е бремена во седмиот месец спиеја внатре. На картони и бетон, а јас и мајка ми спиевме надвор пред бараката. Цела ноќ го ложев огнот за да им биде топло„-вели нивниот татко Озџан Мехмедовска

 „Нека ни дадат некоја куќичка или било што, каде и да е снаата ќе се породи. Каде да го носиме тоа бебе„-вели Мирветка Мехмедовска.

   Добар дел од станарите во старата станбена зграда ноќта ја поминаа кај својте најблиски, но имаше и такви кои поради тоа што немаше каде да заминат зимската јануарска ноќ ја поминаа под отворено небо….

  „ Цела ноќ спиевме во дворот. Запаливме оган. Јас на едната , а мојата сопруга на другата пружина . Целата ноќ ја поминавме овде„-вели  Трајчо Мехмедовски

24 часа по големиот пожар дел од станарите  утринава се  вратија назад.  Мирисот на изгорено и непријатниот звук кој се испушташе по секој чекор движејки се по   старите и изгорени греди не ги плашеше. Сакаа да видат дали им останало нешто. Меѓунив беше и Павлинка Димитрова која повеќе од 30 години легално живее во оваа станбена куќа.

 „ И тоа што успеавме да го спасиме телевизор или друга бела техника може да не работи. Најверојатно е уништено од водата со која се гасеше пожарот„- вели Павлинка Димитров

 Вчера откако пожарот целосно беше локализиран семејствата добија помош од Црвениот крст, но велат за храна и облека ќе се снајдат, потребно им е топол дом.

Официјални информации за тоа како настанал пожарот се уште нема, но станарите претпоставуваат дека пламените јазици настанале од искра од електричен кабел што најверојатно бил приклучен на диво. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста