Оштетени штедачи: Зошто Љупчо Николовски молчи за високиот криминал и корупција во „Еуростандард“?

„Еуростандард“ е пример за тоа како да ограбиш банка без испукан куршум, реагираат оштетените штедачи на пропаднатата банка. Тие прашуваат зошто потпретседателот на Владата Љупчо Николовски молчи за високиот криминал и корупција во Еуростандард, иако најави жестока и некомпромисна борба со криминалот во државата, најавувајќи ја 2021 за антикорупциска година.

  • Како е можно десетици милиони евра да исчезнат од банката „преку ноќ“!? Како е воопшто возможно 73% од кредитното портфолио на правните лица во банката да биде пласирано во сомнителни и спорни кредити, од кои ниту една од 149 фирми не платиле ниту едена рата со години!?  А за овие факти постојано слушаме разни месии од Народна банка дека тие направиле сѐ што можеле соодветно и навремено, а ние сепак сме биле покрадени, реагираат штедачите.

Минатата недела, премиерот Зоран Заев, ги охрабри граѓаните да пријавуваат криминал и корупција. Рече „Да му земеш 50 евра на сиромашен човек за нешто што му следува е катастрофа, тоа ја урнисува душата. Тоа е болно и не е дозволено за никого. Правдата мора да ги опфати сите, односно високата корупција”, изјави премиерот.

На ваквата изјава жестоко реагираа штедачите, кои седум месеци алармираат за сторениот криминал и даваат конкретни примери за кражба и злоупотреба на нивните депозити.

  • Не ни украдоа 50 евра, туку вртоглави 60 милиони евра преку органиизиран и толериран масовен повеќегодишен грабеж на депозити. Директно урнисаа околу 3.000 семејства, граѓани и фирми депоненти на банката. Во организираниот криминал и корупција се вклучени од раководните лица на Еуростандард банка, гувернерката и нејзиниот прв тим од Народна банка, па до поединци и сопственици на избрани фирми каде завршиле и преку кои се поделиле нашите пари, реагираат штедачите.

Инаку, „Еуростандард“ стави клуч на врата на 12 август минатата година, а над 700 луѓе и 2.000 фирми не добија целосно обесштетување по пропаста на банката.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста