Оштетени мозаици во Хераклеја Линкестис,НУ „Завод и музеј“ – Битола: Апсурдно е да се тврди дека оштетувањата се резултат на откривањето на мозаиците

Невидена непрофесионалност, непотизам  и неодговорност овој месец се случи во националната установа за култура Завод и музеј Битола. По налог на директорката , група на момчиња вклучително и нејзиниот син, биле ангажирани за откривање на мозаиците во античкиот локалитет  Хераклеја Линкестис, иако според програмата тоа требало да се случи на почетокот на јуни. Меѓутоа, момчињата дилетанти за оваа работа, без надзор на стручни лица конзерватори- реставратори,  од заштитната песок што се поставува во зимскиот период,  откриле 7 мозаици  и при тоа направиле сериозни  оштетувања на неколку места.  Директорката веројатно сакаше да се забошоти овој случај, но сепак на фејсбук излегоа фотографии, а опозициската ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение и јавно побара Обвинителството, по допрен глас да го испита овој случај. Неофицијално, надлежниот конзерватор за мозаиците кој бил на одмор, ден пред да започне откривката на мозаиците, директорката го известила со  порака, иако активностите биле планирани за јуни. Сега, тој треба да поднесе извештај до Министерството за култура.

Екипата на АЛФА, два дена по телефон и со порака ја бараше директорката за изјава, меѓутоа таа воопшто не се јавуваше. Денеска, со свои најблиски соработници беше во античкиот локалитет, а на обезбедувањето му забрани  да влеземе и да снимаме и одби средба со нашата репортерска екипа.

-За прв пат после четири и повеќе децении, вратите на Хераклеа Линкестис за вашиот репортер  денеска беа затворени, бидејќи директорката  не сака да комуницира од  проста причина што нема одговор или не сака да даде одговор за состојбите со мозаиците, а допрва тоа треба да го утврдат Обвинителството и надлежните институции од областа на кулутурата, на чело со министерката. /Ст. ап/

Во Хераклеа Линкестис, постојат 13 мозаици од 4. и 5. век на површина од над 1. 100 м2 и се сметаат за бесценето културно богатство. Како ќе реагираат надлежните институции за направената штета, за непотизмот и самоволието на директорката, допрва ќе се види, особено што пред неколку недели и затаи обезбедувањето и беше украден пиштол од музејските постановки, а манастирот “Свети Ѓорги“ во Курбиново пола година го има затворено.

ОТКАКО ЕКИПАТА НА АЛФА ГО НАПУШТИ ЛОКАЛИТЕТОТ ХЕРАКЛЕЈА, ДИРЕКТОРКАТА НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА СЕ ОБРАТИ ПИСМЕНО. ТАА ВЕЛИ: „ПРИЧИНИТЕ ЗА ЛОШАТА СОСТОЈБА НА ДЕЛ ОД МОЗАИЦИТЕ СЕ МНОГУ КОМПЛЕКСНИ И АПСУРДНО Е ДА СЕ ТВРДИ ДЕКА НАВЕДЕНИТЕ ОШТЕТУВАЊА СЕ РЕЗУЛТАТ ТОКМУ НА ОТКРИВАЊЕТО НА МОЗАИЦИТЕ. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРОБЛЕМАТИКАТА МНОГУ ЛЕСНО ГИ УТВРДУВААТ НЕБУЛОЗИТЕ ПРОИЗНЕСЕНИ ВО ЈАВНОСТА, БЕЗ НИКАКВА ПОТКРЕПА И ФАКТИ“.ФАКТ Е ДЕКА ВО СИТЕ УСТАНОВИ ОД ЗАШТИТАТА, НА БЕЗБРОЈ ПРОЕКТИ, ПО ПОТРЕБА БИЛЕ АНГАЖИРАНИ  МЛАДИ ЛУЃЕ, ДЕЛ ОД НИВ ДЕЦА НА ВРАБОТЕНИ,  КОИ ИМАЛЕ АФИНИТЕТИ ЗА ОВАА ОБЛАСТ И КОИ ПОДОЦНА СЕ ПРОФИЛИРАЛЕ ЗА ПРОФЕСИИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО.  ВПРОЧЕМ И НИЕ, КОИ СЕГА СМЕ ВРАБОТЕНИ, ТАКА СМЕ ЈА СТЕКНЕЛЕ ЉУБОВТА КОН ПРОФЕСИЈАТА.  АНГАЖИРАНИТЕ МЛАДИ ОД СТРАНА НА НУ

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста