Орка Холдинг и Аџибадем Систина издвоија 325.000 евра за справување со коронавирусот

Компанијата „Орка Холдинг„ и Клиничката Болница „Аџибадем Систина„ ставија на располагање бројни медицински и сместувачки капацитети, кадар и медицинска опрема.

Како што се вели во соопштението, оваа помош и поддршка е ставена на располагање на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата на нашата земја со цел справување со новонастанатата состојба предизвикана од глобалната пандемија на вирусот Ковид -19.

Како дел од понудената помош Клиничката Болница „Аџибадем Систина„ и „Орка Холдинг„ целосно ги отстапија капацитетите на хотелите Ibis Skopje City Center и Ibis Styles за лица кои треба да поминат 14 дена во изолација. Капацитетите на Ibis Styles се веќе целосно исполнети, а првата група на лица е веќе пристигната и во хотелот Ibis Skopje City Center. Иницијално се очекува до 31.05.2020 да има 5 ротации на лица кои ќе биде потребно да поминат 14 дена во изолација, со што вкупниот број би достигнал 1030 лица,односно, бројот на поминати ноќи во овие објекти ќе биде 14,430.

„Орка Холдинг„ и „Аџибадем Систина„, одвоија фонд од 20.000.000 денари или 325.000 евра од кои 315.000 евра за подмирување на трошоците за престој на овие лица како и за заштитни средства, дезинфекција, заштитна опрема, фиксни трошоци, медицинска поддршка од КБ Аџибадем Систина и плати на ангажираните лица кои целиот период ќе работат во карантинските центри,70 дена. Договорот е склучен помеѓу Владата на РСМ и фирмите „ОК Хотел„ и Орка Хотел„.

Од овие средства, 10.000 евра беа издвоени за заштитна опрема, односно, заштитни маски, одела и ракавици за СВР Скопје и Здравствените установи во Дебар.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста