Оризопроизводителите во септември протестираа барајќи спас, а денеска добија прекршочна пријава – не протестирале правилно

Сите членовите на Иницијативниот одбор за спас на оризот од Облешево, заработија прекршочни пријави. Тие се теретат дека се виновни за блокирањето на двете коловозни ленти на патот Штип-Радовиш,за време на протестот одржан на 21септември минатата година. Ваквите пријави кои стигнуаа веднаш по најавата дека сите земјоделци од државата, ќе излезат на масовен протес е заплашување, дециден е Здравко Арсов.

„Ова буквално е малтретирање и заплашување пред да се одржи голем масовен протест . Само е заплашуваање, ништо друго „-изјави Здравко Арсов, од Иницицијативниот одбор за спас на оризот.

Деветмина оризопроизводители од Облешево на 20април треба да се јават во Основниот суд во КОчани и да докажуват дека тие како иницијатори ги испочитувале одредбите предвидени во законот, а за тоа што се случувало откако завршил протестот, не сносат одговорност.

  „Се што беше пријавено во ПОлициска станица од Иницијативниот одбор беше испочитувано …До 12.30 возилата си минеа слободно , потоа кога реков дека протестот е завршен луѓето самоиницијативно блокираа, дури беа подбуцнувати од полицајците да блокират„-изјави Арсов.

Иако имаше најава за блокирње и на двете коловозни ленти, Иницијативниот одбор се откажа, откако добија предупредување за кривични пријави. Тогаш алармираа  да бидеблокирана само едниот патен правец, но полицијата да не бара одговорност од нив за она што ќе се случува по протестот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста