Оризопроизводителите излегуваат на блокади- проблемите кулминираат, но зошто ресорниот министер ги игнорира?

Наредниот вторник над илјада земјоделци од Кочанско ќе го блокираат патниот правец Штип- Кочани. За повторни протести се одлучија, откако нивното барање за средба на која ќе се дискутура за откупната цена и исплата на средства од Ковид мерката не се реализира. Гневни се на ресорниот министер бидејќи бил во Кочани,а но не се сретнал со нив.

„Јас во четвртокот се јавив во кабинетот на министерот и ни беше кажано дека таа средба ќе се оствари. Средбата наместо со земјоделците тој беше на партиска трибина во Кочани во мултикултурниот центар изјави Здравко Арсов, од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

Од Иницијативниот одбор се децидни. Бараат одложување на откупот до јуни со што ќе се создадат услови  со ковид мерката да бидат опфатени повеќе земјоделци. Поради последниот бран на покачување на ѓубривата бараат оризовата арпа да се продава по 40, а белиот ориз по 80денари.

„Зелената нафта не е дадена. Мора да има покачување на цената. 17 денари е неприфатливо. Ние со овие цени верувајте не можеме. Нема да ги посеееме нивите со ориз“ изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството

Според првичните проценки на оризопроизводителите од овогодинешната реколта се откупени околу 7 тони, додека во амбарите складирани остануваат речиси 18.000 тони. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста