Оризопроизводителите и порачаа на Власта: „Не сме овци за гласање“

Загарантирана откупна цена или излегуваме на масовни протести, аларираат оризопроизводителите од кочанскиот регион пред самиот старт на новата жетва. Од државата бараат да им обезбеди загарантирана откупна цена и оризовата арпа се продава од 25 до 50денари. Од министерот за земјоделие очекуваат да ги повика на итна средба на која ќе му го достават барањето од кое зависи егзистенцијата на илјадници семејства. Му дадоа рок од седум дена.

  „Ние се уште немаме формирано откупна цена и не знаеме со што ќе се соочеме. За 40% се качени репроматрејалите. Еден апел до сите земјоделци , да се организираме масовно и да и кажеме на владата дека ние не сме овци само да гласаме и да се збогатуваат на име на земјоделецот„– изјави Здравко Арсов од иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

Во моментот околу 40% од ланската реколта е непродадена. Откупната цена го достигна минимумот и сега килограм арпа се продава по симболични 17денари, реагирираат оризопроизводителите. Категорични се дека поради ниската откупна цена и високите давачки за ѓубре ќе бидат приморани наредната година да ги намалат површините посеани под ориз..

„Ќе треба да се откажуваме од оваа култура. Другите села кои имат подруга земја можат да се засеат со други култури, но ние немаме друг избор„-вели Илчо Зашов од с. Спанчево.

„ Една вреќа арпа исто како една вреќа ѓубре. Ѓубрето 25кг кг., а оризот 45кг. А иста цена. Кажете ми дали може така?„-прашува Здравко Донев од с. Спанчево

Најдоцна до среда министерот за земјоделие треба да го реши и проблемот на лозарите кои вчера поради ниските откупни цени на грозјето и одложувањето на откупот на најзастапената сорта „вранец„ протестираа во Неготино. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста