Оризарите повторно излегоа на протести, велат дека премиерот Заев ги изиграл

Владата под итно да им помогне на оризопроизводителите, во спротивно не се тргаме од блокадите, порачаа оризарите од Кочанско кои утринава неколку часа ја блокираа едната коловозна лентна од регионалниот пат штип-кочани. Тие побараа премиерот да си остане на бветувањето што им го дал пред две недели, дека оризовата арпа ќе се откупува по 25денари.

  „Оризовата арпа  не се откупува , а се откупува по 15 и 16денари. Ни одбиваат 4% и за превоз 1денар и всушност се продава по 14 денари. Ние на премиерот повеќе не му веруваме . Испадна дека е голем лажго„-изјави Здравко АРсов од Иницијативниот одбор

Денешниот протест помина без инциденти. Полицијата со кордон ги  чувааше земјоделците од страв целосно да не го блокираат патот.

  „Ова што денес го гледате е голем срам.Никаде во светот не постои земја во која не се штити земјоделецот. Министерот обеќаше, обеќаше и премиерот дека ќе помогнат. Никој не помогна! Ако во предизборна кампања се нема слух за земјоделецот , а се дават средства за друго не знам кога ќе му се помогне на земјоделецот„-изјави Тони Максимов  

  „Имам 7хектари и залиха од лани. Не можеме да продадеме. Сегаа не можеме ни да жнееме. Немаме пари за да ги платиме комбајнерите.  Без пари никој не сака да жнее„ –изјави ванчо Јосифов од Горни Подлог

Откуп има но декларитивно. Оризовата арпа ја достигна најниската цена до сега. Се продава по симболични 15 и 16 денари.

   „Почнав да се ежам. Како да одеме напред со оваа цена. Ова за нас е буквално пропаст. Ние пропаѓаме! Цените на ѓубривата се качени 100%. Како јас да работам? Да сеам, да орам кога треба да вадам пари од џепот, а верувајте немаме повеќе пари„- изјави Аце Гацов, млад земјоделец од с. Жиганци.

 И додека за премиерот денешните протести се партиски , а 98% од  земјоделците што излегоа да протестират биле  преседатели на месни комитети од Самостојниот земјоделски синдикат бараат Владата да изнајде начин и да помогне. Побараа до крајот на октомври да се изврши целосна исплата на основните субвенции, како и да овозможи откуп за стоковите резерви.

  „Земјоделците, посебно оризопроизводителите се соочени како да опстојат . Има дел од залихи од минатата година. Немат никакви приходи. Не можат да ги сервисират тековните обврски. Социјално најзагозена категорија во моментот во државата се оризопроиѐводителите„-изјави Ставре Јанев од Самостојниот земјоделски синдикат.

Оризопроизводителите најавија дека ќе ги радикализираат протестите, а од Самостојниот синдикат наајавија генерален штрајк на сите земјоделци. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста