Оризарите и денеска без одговор, нивниот став е јасен – 25 ден за КГ или пак ќе одат на протести

Ново пролонгирање на рокот за изнаогање решение за спас на оризопроизводството во Кочанско. Наместо денес како што им беше ветено, решение за излез од кризата најверојатно ќе добијат до понеделник. Од Иницијативниот одбор се децидни. Не отстапуваат ни денар помалку. Доколку оризовата арпа не достигне 25денари се заканија со генерален штрајк и масовно блокирање на регионалниот пат Штип-Кочани.

  “Протестот овие седум –осум дена е ставен во мирување. Ќе почекаме до понеделник. Доколку оризовата арпа не достигне цена од 25денари стапуваме во генерален штрајк. И порачуваме да не си игра некој со нервите на оризопроизводителите!Такво понижување и манипулирање во последните неколку години земјоделецот нема доживеано. Ова е страшна работа!„-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор

Владата нема план Б. Притисок се врши врз откупувачите тие да ја зголемат откупната цена, објаснуваат од Иницијативниот одбор. Според нив ниту субвенцијата од 3 денари што во саботата ја најави премиерот Заев нема да ја амортизира катастрофалната состојба во која се наоѓа оваа култура.  

„Не сме задоволни! Ние нема да попуштиме ниту еден цент! Наместо да се радуваме, ние плачеме сега!16-17 денари, а преработуачите во моментот  не ја откуопуваат. Луѓето буквално не знаат што да прават. Немат дрва за огрев, пари за да се испратат децата на училиште. Сите знаеме колку скап стана животот„- изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор

Минатата недела премиерот Заев и министерот Хоџа на оризопроизводителите им ветија дека нивното единствено барање 25денари за килограм арпа  е прифатливо и ќе се бара модел како да се дојде до посакуваната цена.

Изминатиот период оризопроизводителите оганизираа и неколку протести, а најавија и бојкот на изборите 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста