Организаторот на струшкиот ракометен турнир ги објави деталите од програмата за годинешното 48-мо издание

Традиционалниот струшки ракометен турнир годинава ќе го нема препознатливиот меѓународен карактер поради пандемијата, а неговот 48-мо издание ќе се одржи на теренот на “Женска плажа“ во периодот од 12 -18 август. Организаторот денеска го објави распоредот на натпреври . Првиот меч ќе го одиграат домаќинот Струга и екипата на Прилеп, по што е превидено свеченото отворање, по кое следува дуелот помеѓу  Бутел и Охрид, па премсетката помеѓу Еурофарм Пелистер и Металург.  Сеуште актуелниот европски ракометен првак Вардар, настапува на вториот ден и тоа во последниот термин кога ќе се соочи со екипата на Охрид, а на овој натпревар му претходат дуелите во кои вториот тим на Еурофарм Пелистер ќе се пресмета со  Бутел, а Металург со Прилеп. Турнирот годинава ќе се игра без присуство на публика, ддоека на трибините околу теренот е дозволено присуство само на официјалните лица и претставниците на клубовите.

Advertisements