Орбан во Пекинг на „Мировна мисија 3.0“

Орбан во Пекинг на „Мировна мисија 3.0“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Пекинг на разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг. Тоа е трето ненадејно патување на Орбан откако Унгарија го презеде претседателството со Европската унија на почетокот на јули. Виктор Орбан минатата недела отпатува во Украина и Русија на, како што рече, „мисија за мир“. Toj своето патување го означи како „Мировна мисија 3.0“ на „Х“.

Минатиот месец ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина, изразувајќи ја својата политичка поддршка за киев во услови на тековната војна на Русија против Украина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста