Орбан: Унгарија подготвено ќе го дочека пикот на коронавирусот

Коронавирусот во Унгарија ќе земе најголем замав на почетокот на Мај, проценуваат  медицинските експерти во земјата. Најавувајќи го пикот на епидемијата за почетокот на следниот месец, унгарскиот премиер Виктор Орбан, и порача на јавноста – дека Унгарија подготвено ќе го дочека врвот на заразата..

До пикот, поточно до Мaj, во Унгарија ќе се зголеми бројот на респиратори, ќе има 5.000, што е нешто повеќе од 2.000 од сега – и ќе има вкупно 8.000 респираторни машини, тоа ќе биде доволно за лекување на сите пациенти со КОВИД-19кажа Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

Додека, унгарските власти се подготвуваат за пикот на заразата, во изминатите 24 часа починале 17 луѓе, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од избувнувањето на епидемијата.Вкупниот број досега изнесува  189 додека заразени се околу 1.920 луѓе.

Унгарија е меѓу државите кои најдобро се справуваат со епидемијата на корона вирусот во Европа. Ова го покажува новата листа, направена од Конзорциум со седиште во Хонг Конг, каде земјите се рангирани во однос на нивната безбедност и ризик од Ковид 19.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста