Oрбан: Парите од заемот за Македонија не се кинески, туку европски!

Oрбан: Парите од заемот за Македонија не се кинески, туку европски!

Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски можеме и ќе ви даваме –унгарскиот премиер Виктор Орбан ги расчисти дилемите што се обиде да ги наметне опозицијата за кредитот од половина милијарда евра.

Главната мотивација на финансиската помош што Будимпешта му ја дава на Скопје според Орбан е поврзана со потребите на Унгарија, Македонија да биде стабилна и способна држава која ќе се справува со миграцијата. Во тој контекст тој навести дека и натаму ќе има финасиска помош.

“Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме.Во Унгарија сите прашања ги решаваме од аспект на безбедноста и имаме поразвиена соработка со земјите кои се побитни за нашата национална безбедност.Македонија не е само пријателска земја на Унгарија, туку и многу важна држава за безбедноста на Унгарија, бидејќи се наоѓате на мигрантската рута. Доколку има потреба, имаме волја да ви помогнеме на сите начини”, порача Орбан.

Орбан образложи  дека Унгарија има договор со Кина сите пари што стигнуваат во неговата земја да одат на конкретни проекти за развој на државата и дека не е можно кинески пари да се наменат за нешто друго.

Инаку, обвнувањата на опозицијата беа дека парите во Македонија само ќе дошле преку Унгарија, а во суштина биле од Кина.

Унгарската експорт – импорт банка треба да ни позајми 500 милиони евра, со три години грејс период и 12 години рок на отплата, со камата од 3,25%. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати. За евентуални неповлечени средства , земјава ќе треба да плати провизија од 0,5% од заемот на годишно ниво.

Општините и бизнисот со нетрпение ги очекуваат унгарските пари. Компаниите ќе добијат кредити со каматни стапки пониски од пазарните, но ќе треба и да исполнат одредени услови. Обврската на компаниите е да инвестираат половина милијарда евра за да добијат половина од парите, односно 250 милиони. Преку овие вложувања, тие имаат обврска и да пбезбедат годишно најмалку 5.000 вработени и да остварат раст на производството 5% над стапката на инфлација која според последните пресметки изнесува 2,2%. Дел од парите ќе бидат наменети и за општините кои веќе аплицираат со свои проекти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста