Орбан очекува нов бран на Ковид-19

Унгарија од понеделник ќе почне да ги попушта мерките за ограничување на движењето во руралните области. Први ќе проработат продавниците, кафетериите и рестораните шти имаат тераси, за да и се помогне на економијата да застане на нозе.

Но, олабавувањето на мерките,нема да важи за Будимпешта, бидејќи најголемиот број на смртни случаи во Унгарија, околу 80 проценти, се евидентирани во главниот град. Олеснување на мерките за движење во бидимпешта и околината, ќе се случи, кога стапката на смртност ќе се намали.

Паралалено со олабавување на мерките, премиерот Виктор Орбан порача, дека Унгарија ќе се подготвува и за нов бран на вирусот во октомври и ноември, по застојот, што веројатно ќе се случи во летните месеци.

„Вирусот не исчезна. Само што малку се навративме навреме. Мора да се подготвиме за вториот бран на епидемијата во октомври и ноември“, рече премиерот Виктор Орбан.

Фокусот сега , додаде тој, е на креирање колку што е можно повеќе работни места, а стретегијата на владата за исполнување на оваа цел, е поставена на постепено укинување на ограничувањата поради короната.

Орбан најави, дека очекуваниот економски пад во Унгарија за годинава ќе биде околу 4 проценти.

До денеска, Унгарија евидентира 2.863 пациенти со ковид-19. 323 луѓе починати од вирусот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста