Орбан: На ​​Европа и треба стратегија не тактички одговори

Наместо стратешки и конкретен пристап Европската Унија тактички реагираше на кризата оцени денеска унгарскиот премиер Орбан на Интернет-меѓународната конференција.

Орбан рече дека се надева отиЕвропската народна партија ќе го насочи развојот и имплементацијата на новата европска стратегија, додавајќи дека Европа е „во повлекување“, тврдејќи дека континентот е слаб во однос на стапката на репродукција, трошењето во одбраната и нејзината тежина во глобалната економија.

Премиерот Орбан рече дека Европа доживеала три големи кризи во последниот период, за кои рече дека се финансиската криза, миграциската криза и сега коронавирусната криза. Ги нагласи разликите во пристапот на справување со кризите што ги манифестирала Централна Европа каде спаѓа и Унгарија, наспроти оние на западниот дел кон кои упати критика. Според него Европа се занивала со целиот свет наместо да се концетрира на себе си.

Виктор Орбан рече дека верува оти единствениот начин да се задржи Европа обединета покрај овие разлики е западна Европа да ги прифати и да ги почитува различните ставови на централна Европа без да се обиде да ги наметне своите ставови кон регионот

Унгарија не сака да управува со кризи преку задолжување, рече Орбан, додавајќи дека, сепак, овој пристап треба да биде прифатен во интерес на помагање на земјите-членки кои се соочуваат со финансиски тешкотии.

Ги поддржа и останатите двајца говорници на конференцијата  српскиот претседател Вучиќ и словенечкиот премиер Јанша, нарекувајќи ги „големи патриоти“. А како лидер кој „посветил многу енергија на борбите за слобода и суверенитет на сопствената нација“ ја издвои германската канцеларка Меркел.