Орбан: Кинески пари не можеме да даваме, даваме европски

Орбан: Кинески пари не можеме да даваме, даваме европски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на прес конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски негираше дека заемот што и го даде на Македонија има кинеско потекло, и место тоа тврдеше дека може да ни дава пари дојдени – само од Европа. 

-Кинески заем, конески пари не можеме да дадеме бидејќи имаме договор со Кина и тие одат на конкретни проекти за развој. Европски пари имаме и тие ќе ви ги даваме, порача Орбан на прес конференцијата во Охрид, по средбата на двете меѓувладини делегации.

Индиректно тој убедуваше дека основата и главната мотивација на финансиската помош што Будимпешта и ја дава на Македонија, како заемот од половија милијарда евра, е поврзана со потребите на Унгарија Македонија да биде стабилна и способна како држава да се справи со миграцијата. Во тој контекст тој  навести дека и натаму ќе има фиансиска помош од Будимпешта за нашата држава, без да навести кога и колку. 

Лично, Орбан инсистираше дека главна тема за која разговарал во Скопје со премиерот Христијан Мицкоски била евроинтеграцијата на земјата и дека, иако е дојден со владина делегација, тука е и како претседавач на Европската унија. Според него огромна, па и историска грешка на ЕУ е што ја одвои Македонија од Албанија во евроингративниот процес без да одговори конкретно зошто и унгарскиот преставник во Брисел гласал за таа одлука.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста