Орбан: Бројките на КОВИД-19 се очекува дополнително да се зголемат во следните недели

Состојбата со Ковид 19 во Унгарија се заострува исто како и во целиот регион. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во изминатите две недели се забележува пораст на бројот на инфекции со коронавирус  и се очекува овој тренд да продолжи и во наредниот период.

Тој рече дека има достапен доволен број на болнички кревети, а трансферот на медицински персонал ќе продолжи. Досега се префрлени вкупно 106 лекари и 170 медицински сестри и ако е потребно, бројот може да се зголеми, додаде тој.

Разговорите со медицинската комора ќе продолжат следната недела во врска со регулативите за матичните лекари. Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за нив  за да се создаде заедница на ефикасни  практики и да се подобри квалитетот на локалните услуги, рече Орбан.

 Мерките поврзани со коронавирусот ќе се фокусираат на „дефинирање на односот помеѓу приватните и јавните здравствени услуги“, истакнува унгарскиот премиер.

Без оглед на пандемијата есенскиот распуст во училиштата  во Унгарија ќе остане како и порано, меѓу 23 и 31 октомври, а премиерот Орбан потврди дека состојбата на унграрските граници е вообичаена и нема потреба од дополнителни мерки.

Mаја Терзиова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста