Ораторска вечер на Правниот факултет во Скопје

Ораторска вечер на Правниот факултет во Скопје

„Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ е победничкиот говор на студентката Чарна Невзати, на 26-тата Ораторска вечер „Иво Пухан “. Говор посветен на актуелните воени случувања во светот , жртвите, стремежот за мир. Таа ја доби и специјалната награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев“

„Да се стремиме кон свет во кои емпатијата и дијалогот триумфираат над непријателството. заедно да ја изградиме нашата иднина врз темелите на разбирањето , стремежот за светски мир да ни биде водилка на патот кон посветло, хармонично утре“, кажа првонаградента Чарна Невзати.

Второто место го освои Лина Рангелова, студентка во прва година на Правниот факултет со говорот на тема „Зошто „не“ за уставни измени“. „Уште колку амандмани треба да донесеме под притисок? Извира ли нашиот Устав од македонските граѓани или од меѓународната заедница и соседите? Дилемата сега или никогаш е многупати чуена и фаталистичка. Затоа, самосуверенот граѓанинот може да го реши проблемот. Каде? На избори“, го завршува својот говор младата Лина.

Трето место го делеа Ведрана Петрова со говор на тема „ Македонија го живее опусот на Горан Стефановски“ и студентката Мерсине Деминова со говор на темата „Сплотени во различностите“. Младите оратори говореа и на темите за тоа „Што ѝ недостига на современата македонска држава“, како и за – „Капитализмот како крај на моралните вредности кај луѓето“.

Ораторската вечер е традиционална манифестација на Правниот Факултет „ Јустинијан први“ што се спроведува како натпревар по говорништво. Во финалето настапија 8 говорници, студенти на различни факултети на Универзитетот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста