Општина Тетово се предомисли – Парите од новогодишното украсување, наместо за Ковид, ќе се пренаменат за улици

Тетово годинава нема да биде ниту новогодишно украсено, ниту пак  парите ќе се пренаменат таму кај што се најпотребни-во справување со ковид пандемијата.Локалните власти првично најавија дека градот нема да се украсува, оти попаметно било во ова време, средствата да се дадат за да се помогне околу коронакризата,но, се премислија-поприоритетно им било, да се поправат улиците.

Прашавме во општината колку средства и каде точно ќе се инвестира, добивме само одговор, дека парите ќе се искористат за реконструкција на помали улици во градот и други инфраструктурни зафати, без конкретни детали.

Граѓаните и не се многу изнанадени од оваа одлука на властите, само се прашуваат, како во ова време е поважна некоја улица, отколку човечки живот.

(Улиците секоја година се прават,една бекатон плоча, не вреди повеќе од човечки живот..сепак хумано и совесно е да се насочат на правилно место

Улица е улица, ако не денес, утре ќе се направи, а болеста нема да не спаси…

Најдобро е сега здравството да се помогне,но они ни таму, ни таму, парите ќе се ги земат за себе..)

Ова е втора година како Тетово останува неукрасено за новогодишните празници.Минатата година, парите беа пренаменети за градот Драч во соседна Албанија,каде имаше земјотрес.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста