Општина Tетово најави помош за семејствата чија куќа изгоре

Повредениот сопственик на куќата која синоќа целосно изгоре во пожар во Тетово е во стабилна состојба и сеуште на болничко лекување. Без покрив над главата остана и уште едно семејство, кое живеело во истата куќа под кирија.15 пожарникари со 4 возила, синоќа интервенираа и спречија поголема катастрофа, со оглед на тоа што во оваа населба, речиси сите куќи се споени една до друга, па пожарот можел лесно да се прошири, вели командирот на ТППЕ, Ука Алити. Дополнителен проблем бил и непристапниот ридски терен и тесните улици.

Во теков на денешниот ден ќе се прави увид на местото, за да се утврдат причините за пожарот. Синоќа на терен беше и тетовскиот градоначалник, кој најави помош за граѓаните кои претрпеа штета и останаа без покрив над главата.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста