Општина Тетово и директорот на болницата биле надлежни за модуларната болница

Надлежноста и одговорноста за контролата на изградбата, функционалноста и заштитните механизми на модуларната болница биле на општина Тетово и директорот на клиничката болница,покажуваат податоците од тендерската документација, која ја објави Дојче веле.Во документите се опфатени сите фази од изградбата. Директорот на тетовската болница Флорин Бесими фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор. Во документите,пишува Дојче веле, јасно се наведува дека во речиси сите фази од изградбата и контролата на објектите надлежни се локалните власти.

Телоп-На пример, уште во подготвителната фаза се предвидува присуство на супервизор од општина Тетово. Во следната- фаза на градба- контроли од општински инспектори за градба и животна средина. Во мониторинг фазата, исто така. Во последната, оперативна фаза која опфаќа:

– План за регуларно одржување на инсталациите (вода, одводна мрежа, струја, греење) во болницата 

– Подготовка на План за заштита од пожар и имплементација на заштитни мерки 

– Подготовка на план за менаџирање на отпад и контрола на зарази надлежни се претставници на општина Тетово, директорот на болницата во Тетово и комунални инспектори. Овие три ставки од оперативната фаза требало да бидат платени од буџетот на тетовската болница.

Алфа побара став и одговори од реководството на болницата и општина Тетово, но,не добивме.Не протекуваат ниту било какви детали или нови моменти за истрагата од обвинителството.Најавено е само дека до крајот на неделава,се очекува да излезат извештаите од истрагата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста