Општина Струга нема одговор кои шест дивоградби се срушени

Акцијата за рушење на дивоградби на струшкото крајбрежје егол популизам и политички маркетинг пред локалните избори со кои Мерко ја замајува јавноста дека на некој начин го решава урбаниот хаос кој самиот го создаде во општина Струга-реагираат од ВМРО ДПМНЕ.Шокантни се информациите кои ги сподели Претседателот на општинскиот комитет на партијата Ален Деребан,кој по професија е адвокат и точно знае што се случува во градот кога се во прашање дивоградбите.

Во општина Струга конкретно најзастапено кривично дело за кое се донесени осудителни пресуди со кои обвинетите се огласени за виновни, осудени е токму кривичното дело бесправно градење.Што значи дека неможеме да кажеме дека во Струга нема бесправно изградени објекти кога најголемиот број на кривични пресуди се однесуваат токму за тоа кривично дело – велиАлен Деребан-претседател на О.К. на ВМРО ДПМНЕ.

-Не моежеме да кажеме дека во Струга нема ништо нелегално затоа што свесни сме дека има огромен број на бесправни градби кои се надвор од сите урбанистички планови,прописи и правила.Проблемот со тие дивоградби е направен токму од општината која не превзела ништо за навремено да се стопира таквата беспавна градба.Градежниот инспекторат  има донедено огомен број на правосилни извршни решенија за отстанување на бесправно изградени објекти, меѓутоа по нив не се постапува-додава Деребан.

Имаме дивоизградени објекти каде што воопшто нема детален и генерален урбанистички план, а има и објекти кои се изградени без одобренија за градба.За дел од нив се поднесени илјадници барања за легалзација на бесправно изградени објекти, меѓутоа дел од нив воопшто немаат никакви услови ниту за легализација и се изградени после донесување на законот за постапување со  бесправно изградени објекти – вели Ален Деребан-претседател на О.К. на ВМРО ДПМНЕ.

И јавноста има свое мислење по однос на акцијата за рушење на дивоградбите.

За сега се’ ми изгледа некако мртво,ние одевме во рестораните на плажите и да се храниме,но и да одмориме.Навистина ни наплатуваа но што можеш,тоа е скапо за нас џеб.

Да Ви кажам ова е една работа што можеби требаше и одамна да се заврши затоа што концесијата колку што знам јас 2017-та е завршена,меѓутота луѓето си работеа.

Можеби за некого тоа боли вложиле,но верувам дека тоа што вложиле го повратилеовие 5 години наназад што работеа на диво.Очекивате акцијата да продолжи по цело крајбрежје?

Јас сметам дека би требало да продолжи затоа што не може за еден да сме мајка за друг макеа – велат граѓаните.

Од општина Струга побаравме информација кои 6 платформи се отстранети и на кои плажи и зошто не е тргната платформата на плажата со која стопанисуваше Леку?

Ни оиспратија порака во која стои дека немаат одговор.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста