Oпштина Штип купува цвеќиња и благо во време на вонредна состојба и финансиска криза

Набавка на пијалаци и засладувачи, но и набавка на цвеќиња, ова се дел од тендерите односно договорите кои ги потпишала општина Штип за време иако е време на пандемија и вонредна состојба, т.е. непосредно пред започнување на истата. Додека се кројат идеи за кратење на плати на административците, во Штип се потрошени околу 240 000 денари за пијалаци, и речиси 100 000 денари за цвеќиња. Градоначалникот за Алфа се правда вели биле домаќинска куќа не можеле да се остават без набавка за основните потреби. Тој нагласи дека набавката за засладувачи била потпишана пред прогласување на вонредна состојба, а онаа за цвеќиња во време на пандемија, но државата не им бранела да ги користат тие пари, оти биле планирани уште од јануари и ќе важеле за 12 месеци. Бочварски вели морало да имаат цвекиња за празници и делегации, а и кафе и сок за пречек на гости.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста