Општина Прилеп во финансиска „дупка“ од безмалку 5 милиони евра

   

    Затекнатата финансиската „дупка“ во Буџетот на општина Прилеп изнесува 292.562.164 денари, или безмалку пет милиони евра. Овој сериозен дефицит во општинската каса, сериозно може да ја загрози реализацијата на планираните идни капитални проекти, истакна на денешната прес-конференција, претседателката на Комисијата за финансирање и Буџет при ЛС Прилеп, Ирена Стерјоска – Локвенец. Според неа, по досегашните направени ревизии на тоа каде, како и колку се трошеле народните пари, засега најмногу сомнителни средства се одлеале на изградбата на Мостот кај „Сточен пазар“, чија крајна вредност, со неколку анекс – договори и со пробиени рокови до конечната изградба, достигна фантастични 600.000 евра.

   „Преку увидот во документацијата може да се констатира дека…седум месеци по пробиениот рок, склучен е анекс-договор со што вредноста на првичниот Договор е зголемена за 4.150.206 денари…А на 30.03.2021 година, повторно е склучен анекс –договор кој го поништува анекс-договорот од 9.04.2020 година..Вредноста на Мостот кај „Сточен пазар“ достигна приближно 600.000 евра…“, – појасни претседателкта на Комисијата за финасирање и Буџет при ЛС Прилеп, Ирена Стерјоска- Локвенец.

   Втора ставка по која, исто така се одлеани огромни суми пари се и времените вработувања, за кои анализите покажале дека за период од 4 години биле потрошени 66.468.765 денари што пак, во однос на претходната власт е дури за над 61 милион денари повеке.

  „Она што треба да го знаат граганите е тоа што овие високи средства на буџетски пари се на сметка на намалување на средствата за капитални расходи кои можеле да бидат наменети за некои капитални проекти во нашиот град“, – посочи Стерјовска-Локвенец.

  Денеска пак, група од вработени во време на претходната власт со договори на дело во неколку општински јавни претпријатија, а чии договори завршиле деновиве, обвинија за реваншизам.

  „Деновиве, ЈОУДГ „Наша иднина“, на 16 вработени кои бевме ангажирани како помошен технички персонал, не ги продолжи договорите за работа. Договорите не им се продолжени и на вработени во ЈКП „Комуналец“ и во ЈП за ПУП кои работат во одделот „Паркинзи“, а исто така и во ЛС“, – рече Билјана Спироска, поранешна вработена во ДГ „Наша иднина“ – Прилеп.

   Од Општина Прилеп пак, категорично ги отфрлаат сите обвинувања за било каков реваншизам и додаваат дека на овие времено ангажирани луге, само им завршиле договорите. Исто така, оттаму велат и дека дополнително ке се анализира и проверува дали воопшто и има потреба од толкава превработеност, ставка за која само во последните четири години се потрошиле близу 67 милиони денари.

 Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста