Општина Охрид најавува уредување на плажите

Да се остави туристички Охрид втора година по ред,без уредени плажи е погудно.Катастрофални се последиците од неажурноста на надлежните институции кои 4-ри години не ги понудија плажите под коцесија и не се потрудија барем да најдат преодно решение пред почетокот на ова лето-вели охридскиот градоначалник Пецаков.Постапката за уредување на крајбрежјето не е ни почната.

За тоа е потребно да се изработи планот за управување со охридското крајбрежје кое што Агенцијата за просторно планирање и министерството за транспорт и врски некако дали имаат други побитни работи, или ова не е нивниот фокус, не се случува ништо периодов, иако имавме чести контакти и како градоначалник, а и претставници од секотор за урбанизам биле на состаноци и во Агенција за просторно планирање и во министерството, меѓутоа состојбата е статус кво – рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Згора на се’поранешните концесионери ја тужат општина Охрид поради начинот на кој што тиеостанаа без договори за стопанисување со  плажите. Станува збор за 5 локали на атрактивни локации кои работеа до почетокот на претходното лето, додека останатите општината ги срамна со земја.Некогашните стопанственици сега на суд,бараат општината да ги обештети поради претрпените загуби од неработењето. Доколку го добијат спорот, општина Охрид ќе треба да им исплати неколку стотици илјади евра.

Плажите се еден од најголемите проблеми,едно апокалиптично сценарио за Охрид, посебно од туристички апсект.Дури се понудивме за изработка на планот, да ги изработиме точно опфатите каде што ќе се плажите,каде што тој план за охридското крајбрежје ќе каже дека ќе има 15,20 или 30 уредувања на плажи,ние да земеме да ги изработиме од нашиот сектор за урбанизам и потоа да ги дадеме на начин на кој што ќе се одлучи да се стопанисуваат,меѓутоа и така не наидовме на разбирање рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Моја заложба е плажите да бидат уредени,затоа во овој кус период што следи ќе изнајдеме начинбарем дел од оваа сезона да биде спасена по основ на уредување на плажите-завршува Пецаков.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста